Турнир во фудбал за пионери

ImageПо повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, во организација на Урбаната заедница Превалец, на 27 и 28 август  се одржа петтиот по ред турнир во фудбал за пионери. На турнирот одржан во рамките на програмските активности од областа на спортот во Општина Велес учествуваа пионерските екипи на „Сафет Сушиќ“ од Оризари, „Бирлик“ и „Борец“ од Велес и „Превалец“ од Превалец.

Најуспешна на турнирот се покажа пионерската екипа на „Борец“ која во финалето ја совлада екипата на „Превалец“ со резултат 3:2. Третото место го освои екипата на „Сафет Сушиќ“ од Оризари која со 3:0 ја совлада екипата на „Бирлик“. Градоначалникот Аце Коцевски на најуспешните им додели пехари, дипломи и медали.
 
Image  Image
 
Image  Image