За Џинот
Во рамките на одбележувањето на 125 годишнината од смртта на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, делегации на Општина Велес, НУЦК Народен театар „ЈХК-Џинот“ и Општинското основно училиште што го носи неговото име положија цвеќе на гробот на Џинот, во црквата Св. Спас.
Јордан Хаџи-Константинов Џинот (1821 - 1882)
Роден е кон крајот на 1821 или на почетокот на 1822 година, во Велес на Прцорек, на левата страна на Вардар. По завршувањето на ќелијните школи во родниот град, Јордан своето школување го продолжил во Самоков и Солун. Работата како учител во Велес ја започнува во 1838 година кога отпочнува со реализирање на идејата за воведување на народен јазик во училиштата. Во 1848 година заминал на работа како учител во Скопје каде останал 10 години. Интензивно работел на организирање приредби и училишни претстави, соработувал со “Цариградски весник”, ги интензивирал врските и преписките со разни културни установи особено во Русија. Неговата развиена просветителска дејност предизвикала прогони од власта и губење на работата. Учителствувал и во Прилеп, а од Западна Македонија собирал стари книжевно-историски документи. Од 1860-1866 година бил прогонет во Мала Азија каде го изгубил едното око. Сите години по враќањето ги поминал во родниот Велес. Умрел на 29 август 1882 година. Неговиот гроб се наоѓа во дворот на црквата “Св.Спас”.
Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување на просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба во 1845 година. Составил две збирки афоризми. Во првата збирка сите афоризми почнуваат со зборот “човек”, а втората содржи 34 мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении пишувал стихови за одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието, просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија. Негови дела се: “Плач на скопското училиште многотрудное”; “Дионис Вакхо”; “Труд ми е името”; “Рај божји”; “Аврора”; “Крај реката Вардар” и “Горка чаша кнеза Лазара последна тајна вечера”. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во македонската книжевност. Нив ги изведувале неговите ученици со Скопското училиште. Тоа се “Миневра и девет музи”, “Разговор или прави человек”, “Училиште и учение”, “Басна”, “Сербија шетаетсја в земел своих”. Првите четири од наведените драмски обиди отпечатени се во “Цариградски вестник”. Џинот исто така се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање на народни умотворби и лексички материјал. Намерата да издаде повеќе јазичен речник не успеал да ја реализира.