73 години слободен Велес
Делегации од Општина Велес, Сојузот на борците, АРМ, гости од збратимените градови, здруженија, политичките партии и организации денеска оддадоа една минута молчење и положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба. На спомен костурницата се одбележаа 73 години од ослободувањето на Велес.
Пред присутните беше потенцирано големото знчање на Народно ослободителното движење за денешната слобода. Во борбите во Втората Светска војна учествувале 378 борци од Велес и велешко. Од нив 209 биле жртви на фашизмот.