Старт на учебната 2007/2008 година

Image1050 првачиња во Велес за првпат седнаа во училишните клупи. Од нив 441 наставата ќе ја следат по нова наставна програма, во деветогодишно основно образование. На стартот на новата учебна година и првачињата и постарите генерации ученици со џагор ги исполнија училишните дворови и улиците. Годинава Општинските основни училишта  „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ и „Благој Кирков“ наставата ја започнаа во еден училишен објект во рамките на реализацијата на новиот концепт за развој на образованието на Општина Велес.

 

Во училишниот двор што од денес официјално им припаѓа на двете училишта, првачињата ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски кој им посака многу успех во школувањето и животот и изрази надеж дека еден ден ќе израснат во вистински интелектуалци и ќе придонесат за развојот на својот град. Во сите општински училишта првиот училишен ден помина во слична атмосфера. Новата учебна година на подрачјето на Општина Велес не започна денеска само за учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари каде според најавите од Министерството за образование и наука, наставата ќе започне кога во старата училишна зграда ќе се обезбедат услови.

„Општина Велес ќе биде сигурна дека објектот е безбеден за учениците кога ќе добиеме потврда од надлежен државен орган за стабилноста и условите во објектот“, изјави денес за медиумите градоначалникот Аце Коцевски. Во меѓувреме во Горно Оризари во изградба е нов училишен објект.

Image  Image

Image  Image