Прес конференција на градоначалникот Аце Коцевски

Image„Граѓаните имаат право да знаат како и кога се трошат нивните пари“, рече гррадоначалникот Аце Коцевски презентирајќи го пред новинарите Извештајот за работата на Општина Велес во 2006 година. Тој упати јавна благодарност до Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС кој финансиски го поддржа објавувањето на извештајот, изработен во рамките на проектот „Транспарентна локална самоуправа“, а содржи информации за активностите како и финансиски извештај за работата на општината во 2006 година.
Извештајот ќе биде отпечатен во 6780 примероци кои ќе се дистрибуираат до граѓаните преку Граѓанскиот сервис центар и други соодветни начини.

На прес конференцијата градоначалникот Коцевски даде своја оценка околу стартот на новата учебна година и уште еднаш го потврди ставот во врска со состојбите во училиштето „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари „Општина Велес нема да преземе одговорност за било какви активности за започнување на наставата, се додека не добиеме валиден документ од надлежна државна институција за статиката на објектот“. Тој напомена дека Министерството за образование ја заобиколува општината во решавањето на проблемот.

На средбата со новинарите беа презентирани и дриги тековни активности на општината, а градоначалникот го потенцираше и значењето на Одлуката на Советот на Општина Велес за формирање на Центар за развој на Вардарскиот плански регион.