Пеливански турнир во Бузалково
По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во село Бузалково се одржа третиот традиционален пеливански турнир на кој зедоа учество пеливани од целата држава. Пеливанските клубови „ Пеливан“ од Велес „Лирија“ од Скопје, „Света Петка “ од Скопје, „Беса“ од Сарај и пеливаните од село Бузалково ја воодушевија публиката со традиционалните борби. Во официјална конкуренција во пет категории учествуваа вкупно 33 натпреварувачи.
Како вовед на официјалната конкуренција настапија над 40 пионери идни натпреварувачи во пеливански борби кои се надежта за продолжување на традицијата. Баш пеливан на турниорот беше прогласен Амид Бакиу од клубот „Лирија“ од Скопје. Манифестацијата беше проследена со културно-уметничка програма на која учествуваа КУД „Каршијака“ од Скопје и „Беса“ од Гостивар и традиционалниот оркестар на зурли и тапани од Скопје. Манифестацијата и овојпат ја организираа Општина Велес и МЗ „Бузалково“. Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Советот на Општина Велес, Трајко Бабунски.