Малечок рај среде Велес
Велат една ластовица не ја чини пролетта, но сите правила имаат исклучок. Ова го потврди изненадувачкиот ентузијазам на вработените во ЈУДГ “Димче Мирчев“ кои направија вистински малечок рај среде Велес. Со желба на децата да им ги обезбедат најдобрите можни услови за правилен раст и развој тие го оплеменија дворот на објектот клон 2 и предизвикаа восхит кај сите присутни што запрвпат го видоа ова мало царство на редот, природата и посветеноста.
Во присуство на членови на Советот на Општина Велес, семејствата на децата и вработените уредената дворна површина во употреба ја предаде градоначалникот Аце Коцевски кој упати порака до сите јавни институции во градот да го следат овој пример на професионалност и посветеност.
Во уредувањето на просторот за најмладите материјалите ги донираа ГП „Изгрев“ и КИ „Киро Ќучук“,а сите останати работи се резултат на љубовта, ентузијазмот и трудот на директорката и вработените во градинката.