Соработка со Република Италија

ImageОд 9-11 септември градоначалникот на Велес, Аце Коцевски престојуваше во Бари, регионот Пуља во Република Италија каде во организација на Италијанскиот институт за надворешна трговија се одржува меѓународниот економски саем Fiera del Levante. Коцевски беше дел од делегацијата на Република Македонија која во Бари имаше можност да ги претстави потенцијалите за инвестирање во Македонија. Во рамките на престојот во Италија, како што изјави Коцевски, разменети се мислења околу можностите за инвестирање во водоснабдувањето, третманот на отпадни води и цврст комунален отпад.