Нема отстапки за времените објекти
„Единствената отстапка што Општина Велес може да ја направи во рамките на активностите за отстранување на времени објекти е разумно пролонгирање на утврдениот рок“, изјави градоначалникот Аце Коцевски како одговор на барањето на сопствениците на времени објекти општината да ги повлече решенијата за отстранување. „Согласно законот, локациите опфатени со Деталниот урбанистички план не можат да се лицитираат ако не се отстранат времените објекти. Затоа глобално отстапки нема да има“, рече Коцевски.