Патот Велес - Градско отворен за сообраќај
По интервенцијата на ГП „Гранит“ и „Македонијапат“ ангажирани од надлежните државни органи за решавање на состојбите со одронот на регионалниот пат Велес -Градско, од 5-ти април годинава, овој патен правец е отворен за сообраќај.
Поради големината на карпите и комплексноста на проблемите што ги предизвика одронот, по отворањето на патот за сообраќај, надлежните ќе продолжат да работат на санација на вертикалните карпи над патот, со цел да се спречат нови одрони и да се осигура безбедноста на учесниците во сообраќајот.