Нов простор за отворена општина

ImageВо прилог на заложбите за транспарентност и отвореност во работата, Општина Велес доби нова повеќенаменска сала за односи со јавноста. Салата ќе се користи за одржување на прес конференции. Од овој современо уреден простор граѓаните ќе имаат можност  во живо да ги следат седниците на Советот на општината. Со претходна најава, граѓаните ќе можат  и да учествуваат во работата на Советот со свои прашања.
На прес конференција, салата ја промовираше градоначалникот Аце Коцевски кој истакна дека просторот е уреден во стилот на спој помеѓу минатото и сегашноста на Велес, а од практичен аспект ги има сите елементи неопходни за средби со средствата за јавно информирање и граѓаните. „Целта е во рамките на активностите за создавање на отворена општина, да ја приближиме работата на општината до граѓаните“, рече Коцевски. Тој упати јавна благодарност до архитектите и вработените во Одделението за ИТ и ЛЕР при Општина Велес како и до сите поединци кои придонесоа за уредувањето на салата.
 
Image  Image