Општина Велес ќе го организира фестивалот „Стоби“
Советот на Општина Велес донесе решение за нов состав на Организацискиот одбор на ИФАД „Стоби“.
За Фестивалот на античка драма во 2018 година ќе се грижат Драган Миладиновски-претседател и членовите на одборот Младен Крстевски, Васил Зафирчев, Славиша Ѓоргиев и Пенчо Кимов. По неколкугодишна организација од страна на граѓанскиот сектор, фестивалот се враќа во организација на општината. Според најавите, годинава овој специфичен театарски фестивал ќе се врати и на омилената локација на публиката, археолошкиот локалитет Стоби. И овојпат фестивалот ќе го финансираат Министерството за култура и Општина Велес.