Министерот за животна средина во Велес
Министерот за животна средина и просторно планирање на велешани им порача дека се приоритет број еден во министерството и дека во моментов се работи на физибилити студија за отворање на депонија за опасен отпад. На новинарско прашање со кои средства ќе се дислоцира опасниот отпад од топилницата, Бајрами изјави дека државата ќе најде средства.
Посочувајќи ги приоритетните потреби на Велес, меѓу кои дислокацијата на отпадот од топилницата и деконтаминацијата на почвата од тешки метали, градоначалникот Коцевски потенцираше дека овие проекти се многу скапи и на нив треба да се работи долгорочно во иднина.
Досегашнатата соработка со министерството беше оценета како мошне успешна. Министерот Бајрами и државните инспектори за животна средина ги посетија и фирмите „Благој Ѓорев“, „Брако“ и „Димко Митрев“ кои со Законот за животна средина се обврзани да ги прилагодат инсталациите на европските стандарди за заштита на животната средина.