Велес домаќин на Младинскиот филмски фестивал „Џифони“

На 18 и 19 Мај, најмладите љубители на филмската уметност имаат несекојдневна можност да уживаат во филмовите во рамките на Филмскиот фестивал „Џифони“. Фестивалот кој во организација на Агенцијата за филм и Општина Велес се одржува во салата „Бели мугри“  е наменет за деца и младинци на возраст од 13 до 18 години и вклучува 4 филмски проекции.

Целта на фестивалот насловен „Џифони патува во Велес“  е развивање на визуелната култура кај младите и способностите за дебатирање. Покрај проекциите на филмови, фестивалот вклучува креативни работилници од областа на филмската уметност. „Џифони“ е еден од најпознатите светски филмски фестивали за деца и секоја година се одржува во малото место Џифони Вале Пјана, Кампања- Италија.

Со активностите на Агенцијата за филм, содржините на фестивалот можат да ги проследат и децата и младите во Македонија. На свеченото отворање на фестивалот во Велес на младата публика и се обрати Дарко Башески, извршен директор на фестивалот кој ја нагласи важноста на филмската уметност во развојот на креативноста кај децата и младите.