Хабитат го одбра Велес
Инвестиција од 1,4 милион долари
По шестмесечен процес на идентификација на локална заедница која ги исполнува сите критериуми, меѓународната невладина организација „Habitat for humanity“ го одбра Велес за проектот за изградба на нови домови за лица кои живеат во субстандардни услови.
Како што на презентацијата на оваа значајна инвестиција изјави Зоран Костов, национален директор на афилијацијата на Хабитат во Македонија, во населбата „Тунел 2“ , на површина од 2932м², ќе бидат изградени 11 објекти со вкупно 53 домови. Стамбените единици ќе бидат со површина од 50-70 м². Селекцијата на заинтересираните семејства ќе се врши според утврдени критериуми. Костов прецизираше дека не се работи за домови за корисници на социјална помош,туку за семејства кои имаат редовни примања, но живеат во субстандардни услови. Селектираните семејства ќе добијат поволни услови за кредитирање од Хабитат.
Проектот вклучува и волонтерска работа од 400 часови по семејство. Костов упати благодарност до Општина Велес, која како што прецизираше „Се откажа од огромна површина на земјиште што го имаше на користење во прилог на проектот. Општината усогласи и Детален урбанистички план кој ги содржи критериумите на Хабитат“.
Вкупната инвестиција во моментов се проценува на 1,4 милион долари,а се очекува објектите да бидат изградени за три години.
Од името на Општина Велес, до „Habitat for humanity“ благодарност упати градоначалникот Аце Коцевски. Инаку ова е прв проект на Хабитат во Македонија кој вклучува изградба на нови објекти.