Соработка за заштита на културната ризница

ImageОпштина Велес потпиша договор со   МПЦ - Епархија Повардарска и Народен музеј за оформување на трајна поставка на икони – Галерија на икони. Во рамките на оваа соработка, на едно место ќе бидат собрани сите вредни дела создадени од најголемите уметници на Балканот – Ѓорги Зографски и Димитар Андонов Папрадишки, што се наоѓаат во црквите и манастирите на територијата на Општина Велес.