Склучен договор за финансирање на проектот Народна кујна
Проектот народна кујна ќе се реализира. Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција соопшти дека Општина Велес потпиша договор со Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС и МПЦ – Епархија Повардарска. Општина Велес ја реализира Одлуката на Советот за давање намена на објект - ја обезбедува опремата за Народната кујна. Опремата ќе се обезбеди од основните училишта каде не се користи.
МПЦ – Епархија Повардарска ќе учествува со волонтери за подготовка и опслужување на Народната кујна и обезбедување продукти за подготовка на храната. МЦМС ќе ги покрие сите градежни работи за адаптација на просторот во вредност од 2.200.000 денари