Политичките препукувања не го засенуваат успехот
„Не е чесно во име на добивање на политички поени да се валка угледот што Општина Велес како Општина за пример во Република Македонија го има на домашен и меѓународен план“, изјави на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Во врска со обвинувањата на велешкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ, тој потенцираше дека не би сакал да се спушти на тоа ниво на комуникација.
„Граѓаните нека судат дали сите постигнати успеси се само скапа шминка“, рече Коцевски потенцирајќи дека во изминатите 4 години Велес го смени ликот и стана респектирана општина на домашен и меѓународен план. Притоа тој ја потсети јавноста на мал дел од реализираните проекти и постигнатите успеси и признанија на општината меѓу кои:
• Покажани најдобри резултати во мерењето на Индексот на капацитет на Општините (методологија на УСАИД). Три години по ред Велес е прворангирана општина во Македонија.
• Статус на општина координатор во рамките на проектот „Техничка помош за координација и имплементација на процесот на децентрализација“. Проект раководен од Европската агенција за реконструкција преку КАРДС програмата.
• Статус на општина консултант во Програмата за унапредување на училиштата во Македонија, поддржана од Владата на Кралството Холандија.
• Општина што го изработи и спроведе првиот концепт за социјална заштита - кој денес е пример за сите општини во Македонија
• Општина која прва спроведе реформа на образованието на локално ниво во Македонија
• Општина која ја отвори првата електронска сала за одвивање на седници на Советот
• Општина која создаде Уникатен образовен портал, прв од таков вид во Македонија
• Општина наградена од ЕУ