Востановена награда за најстудент
Со одлука на Советот на Општина Велес најуспешниот студент во општината ќе биде награден со награда што го носи името на претставникот на интелектуалната авангарда на Велес и еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов. Наградата што ќе се доделува еднаш годишно, на свечена седница на Советот на Општината по повод 9-ти Ноември, е во денарска противвредност од 300 евра.
Наградата „Најстудент“ ќе се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите кој постигнал најдобар успех во претходната академска година. Востановувањето на наградата е во прилог на заложбите за стимулирање на младите успешни генерации на Велес и поттик својот интелектуален капацитет и енергија да го вложат во родниот град.