Фондација „Коле Неделковски“ - КОНКУРС

Врз основа на член 26, став 1, алинеа 4 од Статутот на Фондацијата “Коле Неделковски” Велес и Oдлуката за распишување конкурс  за  стипендирање на талентирани ученици (бр. 0302 - 1767/2), Управниот одбор на Фондацијата  „Коле Неделковски“ распишува

К О Н К У Р С
за стипендирање на ученици и студенти за учебната 2007/08 година

За учебната 2007/08 година Фондацијата ќе додели:

- 3 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
- 3 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
    
Услови за доделување на стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. Редовни ученици од средно образование со континуиран  одличен успех  кои освоиле I награда на државни натпревари или I, II или III награда на меѓународен натпревар од областа на науката, техниката, културата и спортот.
2. Редовни студенти кои освоиле награди на државни или на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех над  8,50.
3. Да се жители на Општина Велес и
4. Да се државјани на Република Македонија.

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

1.Барање од апликантите до фондацијата.
2.Свидетелства за континуиран одличен успех и примерно поведение.
3.Уверение за положени испити.
4.Потврда за запишана година на факултетот.
5.Диплома за освоени награди на државни натпревари.
6.Потврда за учество на меѓународни натпревари или диплома  за освоено место.
7.Документ за учество на државни или меѓународни конгреси или проекти.
8.Препорака од менторот.
9.Препорака од  наставничкиот колегиум.
10.Уверение за семејно материјална положба.
11.Потврди за личен доход на вработени членови.
12.Потврда од Агенцијата за  вработување за невработените членови од семејството.
13.Есеј на студентот на тема ,,Како би и помогнал на локалната заедница како иден експерт“.
14. Фото копија од лична карта или пасош.

Место и рок за поднесување на документите

Барањата со потребните документи се доставуваат до Фондација „Коле Неделковски” ул.” Панко Брашнар”  бр.1 Велес - во граѓанскиот сервис центар.
Рокот за поднесување на документите е од  1.10  до  20.10  2007 година.
При доставување на документите кандидатите треба да имаат лична карта, ученичка книшка или индекс заради идентификација.
Потребните обрасци можат да се набават во Фондацијата “Коле Неделковски”  Велес.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.
Документи доставени  по пошта нема да се разгледуваат.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена  од денот на завршувањето на конкурсот.
Резултатите од конкурсот ќе бидат истакнати во просториите на Фондацијата.
Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Управниот одбор на Фондацијата во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.
Поблиски информации можат да се добијат во Центарот за информирање на граѓаните на тел. 232-406.

Критериуми за доделување на стипендии за ученици и студенти

1.Континуиран одличен успех и  конринуирано  примерно поведение.
2.Редвно континуирано  студирање.
3.Просекот во редовното студирање да е над 8.50.
4.Освоени награди на државни натпревари во шампионатот на знаењето.
5.Учество или освоени награди на меѓународни натпревари.
6.Објавени стручни трудови од областа за која се оспособува.
7.Препорака од предметниот наставник/ментор за ученикот/студентот.
8.Препорака од наставничкиот колегиум на училиштето.
9.Економска состојба на семејството.
10. Дефицитарноста на општинските кадри во науката,културата и спортот.
11.Учество на државни или меѓународни конгреси или проекти.
12.Есеј , за студенти  во должина од една страна на тема  „Како да и помогнам на локалната заедница како иден експерт“.

 
Претседател на
Управниот  одбор на
Фондацијата “Коле Неделковски” Велес,
Панче Иванов с.р.