Светска недела на детето

ImageГрадоначалникот и Советот на Општина Велес на сите деца, а особено на првачињата кои стануваат членови на Светската детска организација  им упатуваат искрени честитки по повод Светската недела на детето. Светската недела на детето во Велес ќе се одбележи со пригодна програма. Општина Велес ги поканува сите деца, во среда, 3-ти Октомври, во Младинскиот парк, со почеток во 12 часот,  да ја проследат театарската претстава „Љубопитната принцеза“. Настапуваат уметниците: Магдалена Ризова, Марина Поп Анкова, Трајче Георгиев и Гоце Влахов.