Започна новата академска година во Велес

ImageНад 600 студенти на дисперзираните студии од Велес ја започнаа новата академска година. На свеченото отворање на новата студиска година на дисперзираните студии од Факултетот за туризам и организациони науки од Охрид и свечениот старт на дисперзираните студии од Техничкиот факултет од Битола, присутните ги поздрави Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски, проф. д-р. Златко Жоглев.
 
Потенцирајќи дека „Универзитетот се шири кон истокот каде е светлината’, проф д-р.  Жоглев рече дека не случајно за дисперзираните студии е избран Велес поради неговото значење во македонската историја и култура. Од името на Општина Велес, присутните ги поздрави Трајко Бабунски, претседател на Советот на Општина Велес кој во свое лично име, во име на градоначалникот Аце Коцевски, во име на Советот на општината и граѓаните на студентите на дисперзираните студии во Велес им порача дека се столбот на иднината на Македонија. „Денес со задоволство можеме да кажеме дека Велес е и универзитетски град, град на новата македонска авангарда“, рече Бабунски.

Студентите ги поздравија и Весна Микаровска, декан на Техничкиот факултет во Битола и Софроние Миладиноски, декан на Факултетот за туризам и организациони науки од Охрид. За првпат со новиот концепт за образование на Општина Велес, дисоерзираните студии започнаа со работа во зградата што порано ја користеше ООУ „ЈХК-Џинот“. Годинава во Велес студираат над 500 студенти на дисперзираните студии на  Факултетот за туризам и организациони науки од Охрид и 106 студенти на дисперзираните студии по информатика од Техничкиот факултет од Битола.
 
Image Image