Светска недела на детето
По повод одбележувањето на Светската недела на детето, во организација на Општина Велес, во амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа театарска претстава за најмладите. Пред преполниот амфитеатар, театарот за деца „Чекорче“ од Скопје ја одигра претставата „Љубопитната принцеза“. Судејчи според комуникацијата со актерите на сцената, најмладата публика одлично се забавуваше и покажа огромен интерес за претставата. Во „Љубопитната принцеза“ настапија Магдалена Ризова, Марина Поп Анкова, Трајче Георгиев и Гоце Влахов