Habitat for humanity
На 3 октомври во посета на Општина Велес беа волонтерите на невладината организација Habitat for humanity кои работат на оградување на просторот на кој оваа хуманитарна организација ќе гради домови за 53 велешки семејства.
Делегацијата од 16 волонтери од голем број земји од Европа и САД беше примена од претседателот на Советот на Општина Велес г-дин Трајко Бабунски кој ги запозна со историјата на Велес и со начинот на работа на Советот на Општината и општинската администрација.
Г-динот Бабунски го изрази задоволството што токму Велес е првата општина во Република Македонија во која се реализира проектот на Habitat. На крајот волонтерите организирано ги посетија Народниот музеј и знаменитостите на Велес.