Иницијатива за прибирање предлози - НАЈСТУДЕНТ
Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“
Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07) Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2007 година.
1. Награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство.
2. Наградата не е деллива.
3. Предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент.
Предлозите мора да бидат образложени.
4.Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да ги исполнува следните услови:
- Да е жител на Општина Велес;
- да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5.
Кон предлогот се доставува:
- уверение за предвидени и положени испити издадено од факултетот;
- копија од лична карта и индекс,
- копии од дипломи, награди, сертификати, објавени трудови.
5. При одлучувањето Комисијата за општествени дејности ќе се раководи од следните критериуми:
1.Редвно континуирано студирање.
2.Просекот во редовното студирање да е над 9.50.
3.Учество или освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
4.Објавени стручни трудови од областа за која се оспособува.
5.Учество на државни конгреси или проекти.
6.Учество на меѓународни конгреси или проекти.
Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично најдоцна до 25 октомври 2007 година
Претседател
на Комисијата за општествени дејности,
Весна Стојанова Богоевска с.р.