Честитки поповод 11-ти Октомври и Рамазан Бајрам

Градоначалникот и Советот на Општина Велес на сите граѓани им го честитаат 11-ти Октомври, денот на Народното востание на македонскиот народ против фашизмот, со желби во периодот што следува со заедничи идеи, сили и заложби да изградиме подобар и перспективен Велес врз историските темелни вредности што револуционерните генерации на Македонија ни ги оставија во наследство.

На сите граѓани од Исламска вероисповед, Градоначалникот и Советот на Општина Велес им го честитаат големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, успех и просперитет втемелен на соживотот и пријателството на сите заедници во Велес.