Одбележан Рамазан Бајрам
По повод големиот празник Рамазан Бајрам, во Општина Велес се одржа традиционална средба со претставниците на граѓаните од Исламската вероисповед. На средбата ма која присуствуваа Ефенди Нијаз Муратин и Имам Ефенди Бесим Абдули, членови на Советот на Општина Велес, претставници на здруженија на граѓани и претставници на медиумите, во свое лично име, во име на градоначалникот и Советот на Општина Велес, честитка по повод празникот упати Трајко Бабунски, претседател на советот на општината.
„Духот на најголемиот празник на граѓаните од Исламската конфесија нека биде патоказ на соживотот на сите граѓани, позитивната мисла, взаемната почит и љубов“, рече меѓу другото Бабунски кој воедно упати јавна благодарност до сите граѓани од Исламската заедница за нивниот придонес за соживотот и развојот на Велес.
Како што беше речено на средбата, Велес е пример на соживот и соработка на сите заедници и во иднина треба да продолжи да се гради на темелите на тие најголеми вредности.
Токму и духот на Рамазан Бајрам е во соработката, љубовта, взаемната почит и разбирање. Претставниците на Исламската заедница изразија задоволство што од годинава Рамазан Бајрам е државен празник.