Градоначалникот Аце Коцевски во работна посета на САД

ImageГрадоначалникот Аце Коцевски е дел од делегацијата на градоначалници кои во рамките на проектот „Државно и локално управување“ подготвен од Стејт Департментот престојуваат во работна посета на САД. Делегацијата во која покрај Коцевски се градоначалниците Лефкија Гажоска - Крушево, Коце Трајаноски - Гази Баба,  Андреј Петров - Карпош, Изет Меџити - Чаир, Беким Фазлиу -Сарај, и Невзат Бејта – Гостивар има можност одблиску да се запознае со структурата и работата на локалната самоуправа во САД.

Во рамките на проектот, градоначалниците имаат можност да се запознаат со легислативата, учеството на приватниот сектор во развојот на локалните заедници, управувањето со јавните работи, администрирањето со даноците како и стратегиите за локален развој.

Членовите на делегацијата имаат и директни средби со избрани претставници на локалните власти. Тринеделната програма опфаќа активности во Вашингтон, Бурлингтон - Вермонт, Феникс - Аризона и Линколн - Небраска.

Делегацијата ќе престојува во САД до 20 октомври.