IN MEMORIAM - Тоше Проески (1981-2007)
На 16.10.2007 нашата најголема и најсјајна македонска музичка ѕвезда трагично загина во сообраќајна несреќа во Хрватска. Тоше, омилен, кај милиони обожаватели низ целиот свет беше причина за голема тага и спонтан собир на многу граѓани кои ја оддадоа последната почит кон него.Во повеќе градови низ Македонија беа отворени книги на жалост во кои граѓаните и обожавателите на делото на Тоше ги запишаа своите последни поздрави.
И во Велес, по инцијатива на група граѓани и невладиниот сектор, поддржано од локалната самоуправа беше отворена книга на жалост. Во Младинскиот парк, многу натажени срца, насолзени очи и запалени свеќи од „Велес за Тоше“.
На првата страна од книгата беа запишани зборовите на Градоначалникот Аце Коцевски:
„Изразите на болка, тага и сочуство се премали и не можат да дадат верна слика на чувствата што го обземаат целиот македонски народ.Утеха нема. Но има гордост и достоинство што го имавме, има љубов голема колку неговото хумано срце, имаме чест што го познававме, што беше дел од нас.Ти благодарам што беше најголемиот амбасадор на мирот, човекот за чија насмевка не постоеја граници, миленикот на нацијата.Тоше, ти си легенда што трае, ќе живееш вечно.
Останува твојот глас да го победува молкот на тагата низ времето.Нека ти е вечна слава и благодарност.“
Нема зборови што можат да ја опишат тагата, да ги оставиме сликите да говорат....