Акција за пошумување 2018
Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување која ќе се реализира на 08.12.2018г. (сабота), на локалитетот Вршник, на површина од 3 хектари, со засадување на 5.500 садници од багрем.
Во акцијата ќе земат учество: вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции, Здружение “Акцијаш” и други здруженија на граѓани.
Општина Велес обезбеди организиран превоз.
Автобусите ќе тргнуваат во 8.30 часот на ул. “Гоце Делчев” спроти Основен суд.
Зборно место за учесниците кои ќе дојдат пеш или со сопствен превоз е во близина на фабриката за вода, во 09.00 часот.
Почитувани граѓани, придружете ни се во активностите за позелен Велес.