Проблемите во образованието имаат причина

Image„Погрешен е пристапот Министерството за образование и наука, ЗЕЛС и општините да си ја префрлаат вината за состојбите во образованието. Вистината е дека Министерството за образование и наука неподготвено влезе во децентрализацијата на образованието, особено во оваа втора фаза“, изјави градоначалникот Аце Коцевски.


Тој напомена дека само три општини во Македонија меѓу кои Велес ја доставиле целокупната потребна документација до министерството во утврдениот рок. Дури минатата недела ги добивме согласностите за проширена дејност по предметите англиски јазик, информатика и физичко образование. 

Општините сеуште чекаат согласност за паралелките со помал број на ученици“, рече меѓу другото Коцевски кој потенцираше дека ненавремената подготовка на процесот на трансфер на надлежности е главната причина за актуелните проблеми.