Искуствата од САД драгоцени за Велес

Image„Значајна и корисна посета“. Вака градоначалникот Аце Коцевски ја оцени посетата на САД што заедно со уште  шест градоначалници ја оствари во рамките на проектот „Државно и локално управување“ подготвен од Стејт Департментот. На прес- конференција, Коцевски ги информираше новинарите за реализираните средби со претставници на Стејт Департментот, заменик гувернери, градоначалници и градски менаџери и можностите за согледување на низа практики од работата на локалните власти.

Како особено значаен градоначалникот го потенцираше фактот што во САД локалните власти имаат многу поголеми надлежности, политиката нема влијание на локално ниво, а во државата Небраска дури и пратениците се бираат како независни кандидати. „Кога тоа би можела да го направи и Македонија, верувам дека животот би бил многу подобар“, рече меѓу другото Коцевски, со најава дека ќе се потруди позитивните практики од работата на локалната самоуправа во САД да ги примени кај нас.