Анализа на кредитоспособноста

ImageНа средба со претставниците на средствата за јавно информирање, градоначалникот Аце Коцевски, презентираше Анализа на кредитоспособноста на Општина Велес. Анализата  извршена во рамките на проектот „Деловно опкружување“ на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД претставува алатка за утврдување на општата кредитна состојба на општината.

Упатувајќи јавна благодарност до УСАИД, Коцевски напомена дека оваа анализа е значаен придонес во заложбите на општината за користење на законските можности за задолжување за реализација на големи капитални инвестиции.