Приоритети за развој на Вардарскиот плански регион

ImageКои се приоритетите на Вардарскиот плански регион? Во рамките на презентацијата на процесот за изработка на Стратегија за рамномерен регионален развој, Министерството за локална самоуправа во Велес како центар на Вардарскиот плански регион организираше презентација со работилница.

Министерот за локална самоуправа Абдираман Мемети им укажа на присутните претставници на општините од регионот на значењето на Стратегијата за рамномерен регионален развој за спроведување на конкретни активности во сите 8 региони во Македонија и претстојното аплицирање за фондовите на ЕУ во рамките на ИПА.

Аце Коцевски, претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион укажа на клучните проблеми и перспективите за развојот на регионот, а присутните имаа можност да ги слушнат и мислењата на д-р Силвана Мојсовска од Економскиот институт која го координира процесот на подготовка на стратегијата и Пене Пенев, Државен советник во Министерството за локална самоуправа.

Image

Присутните учесници на настанот активно се вклучија и на работилницата чија основна цел беше да се утврдат приоритети за развој на регионот меѓу кои предничеа развојот на инфраструктурата, екологијата, енергијата, земјоделството,  туризмот и образованието.

Како што најави Коцевски, во периодот што следи се очекуваат интензивни активности на овој план во прилог на усогласувањето  со стандардите за регионален развој на Европската Унија.