„Книга за Рацин“

ImageГрадот на Гемиџиите, Џинот, Рацин и цела плејада претставници на македонската авангарда низ историјата, одбележа 63 години од ослободувањето. Денот на Општина Велес 9-ти Ноември и годинава се одбележува со низа значајни културни настани. Се започна со Рацин незаборавниот и со исконот.

 

Академик Гане Тодоровски им приреди на велешани незаборавна вечер со неговата „Книга за Рацин“. Кога еден од врвните македонски  интелектуалци ќе се посвети себе си на врвниот поет, просторот и времето на таа чудесна симбиоза останува долго да се памети. Така беше и при промоцијата на „Книгата за Рацин“ од Академик Гане Тодоровски. Книгата ја промовираше д-р Кристина Николовска.

Image