Древната окарина го освои Велес

ImageПрезентацијата на Древниот музички инструмент, топчестата флејта окарина, откриена на локалитетот Мрамор кај Чашка го збогати годинешново деветоноемвриско чествување со неверојатно искуство за сите што имаа ретка можност да присуствуваат на настанот насловен „Звуци од Пирамида“.

За значењето на ова епохално историско откритие говореше Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Искуството на откривањето на древниот инструмент стар 6000 години на присутните им го презентираше Трајанка Јовчевска, виш кустос во Народниот музеј-Велес која ја откри окарината.

Врв на вечерта беше звукот на исконот кој ги занеме сите присутни во рацете на виртуозот Драган Даутовски. Вечерта на исконските звуци остана незаборав.

Image Image