Како зборуваат Велешани?

ImageНародниот говор е богатство, израз на нашиот идентитет, нешто од душата на народот, нешто чие негување е должност на сите генерации. Книгата „Така се зборува во Велес“ како дел од од серијата изданија „Така се зборува во Македонија“ на Снежана Петрова Џамбазова уште еднаш ја потврди неприкосновената убавина на велешкиот народен говор.

За книгата говореше промоторот Проф д-р Димитар Пандев, а извадоци од книгата интерпретираше актерот Александар Георгиев.

ImageImage


За врв на Вечерта на литературата и музиката организирана во рамките на одбележувањето на 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес, присутните во салата на Општина Велес имаа можност за првпат да ги слушнат звуците на пијаното старо сто години што на општината и го подари семејството на истакнатиот Велешанец Киро Спировски.

За неговото музичко творештво и инструментот чија убавина ги плени велешани, говореше истакнатиот композитор Славе Димитров.

ImageImage 


Вечерта на пијаното со свој настап ја збогатија уметниците Јана Павловска - пијано, Ѓорги  Цуцковски – тенор, Александра Лазаревска-сопран и Андреј Наунов - пијано. Убавината на музиката и изведбата предизвика громогласни аплаузи, а  велешката публика уживаше во звуците на класичната музика.

Image

Image