Доделени деветоноемвриските награди
На свечена седница на Советот на Општина Велес на која присуствуваа истакнати гости од земјава и странство, градоначалникот Аце Коцевски свечено ги додели деветоноемвриските признанија. Во своето обраќање кон Велешани и присутните гости, Коцевски ги презентираше досегашните достигнувања на општината и најави уште многу залагања и успеси на планот на образованието, локалниот економски развој и на сите полиња на работа на локалната самоуправа.
Годинава најпрестижната награда во Општина Велес ја добија:
Наградата за животно дело „Гемиџии“:
- Ратко Пајдаков
- Прим. сци. др. Мирослав Мешков
Награда за најстудент „Проф д-р Ѓорги Шоптрајанов“
- Димче Апасиев
Спомен плакета:
- Sisters and brother Mitevski Production
- ООУ „Св.Кирил и Методиј“
- ООУ „Васил Главинов“
- Данчо Стефков
- Женски ракометен клуб „Леов Бартек“
- Компанија „Брако“ Велес
- М-р Јован Ивчев
Благодарница:
- Електростопанство на Македонија ЕВН – Подружница Велес
- Прокредит банка
- Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС
- Microsoft – Македонија
- Семејството на Киро Спировски
Пофалница:
- Ристе Велковски
- Тимот одговорен за уметничката програма на отворање на МОИ
- Трајанка Јовчевска
- Вангелица Маџунова Гаврилова
Свечената седница со свој настап ја збогати Ансамблот на народни инструменти и песни на Стефче Стојковски.