Во чест на 9-ти ноември

ImageПо повод 63 годишнината од Ослободувањеѕо на Велес Делегации на Општина Велес, Сојузот на борци, АРМ, политичките партии и институциите положија букети цвеќе на Спомен костурницата. Празникот на градот беше одбележан и со традиционално свечено отворање на изложбата на сликарско копаничарската колонија „Папрадишки Мајстори“.


За љубителите на ликовното творештво овојпат својот свет го открија 18 уметници од Македонија, Србија и Бугарија кои годинава учествуваа на колонијата. Ликовниот салон блесна со нова уметничка визија инспирирана од убавините на Папрадиште.

Image Image