Општина Велес на ЗЕЛС ЕКСПО 2007

ImageВо рамките на четвртото издание на саемската манифестација ЗЕЛС ЕКСПО, што на 16 и 17 ноември годинава се одржа на Скопското сајмиште, Општина Велес пред домашната и меѓународната јавност се претстави со свој штанд. Посетителите на штандот на Општината кој и овојпат привлекуваше со елеганцијата, ентериерното решение и промотивните материјали имаа можност да се запознаат со досегашните достигнувања на општината во процесот на децентрализација.

За сите заинтересирани да дознаат нешто повеќе за Велес, неговата историја и култура како и современите предизвици и успеси  на локалната самоуправа, на општинскиот штанд се дистрибуираа промотивни материјали, брошури и флаери. Работата на Општина Велес беше презентирана и со видео презентација. На задоволство на градоначалникот Аце Коцевски, членовите на Советот на Општина Велес и сите поединци од општинската администрација и учениците при СОУ „Јовче Тесличков“ кои вложија многу труд во организацијата на претставувањето на општината, штандот на Општина Велес беше меѓу најпосетените како од страна на претставници на општините, така и од страна на претставници на меѓународната заедница во Македонија.

ImageImage

Во рамките на саемската манифестација градоначалникот Аце Коцевски оствари низа значајни средби со дипломати и претставници на домашни и меѓународни организации и фондации. Годинава саемската манифестација на која се претставија педесетина општини ја отвори премиерот Никола Груевски. Присутните на саемот имаа можност да учествуваат во низа панел дискусии посветени на предизвиците во втората фаза на процесот на децентрализација како подобрувањето на услугите за граѓаните, реформите на јавните претпријатија, образованието и др. Истовремено со ЗЕЛС ЕКСПО 2007 се одвиваше и традиционалниот НВО саем на кој се претставија голем број здруженија на граѓани од земјава и странство како и меѓународни организации и фондации.

ImageImage

Image