Велес - центар на стрипот

ImageВизиите и плановите за промовирање на Велес во центар на стрип уметноста, станаа реалност. Петтото издание на Салонот на стрип потврди дека соработката на Општина Велес и Стрип центарот како и примената на на позитивните искуства од градот Ангулем, Република Франција можат да направат многу на планот на афирмацијата и промоцијата на стрип уметноста.


Присуството на светски реномираниот стрип уметник Бранислав Бане Керац и неговите колеги уметници од Република Србија, Република Бугарија како и над 30 уметници од Македонија, покажа дека Салонот на стрип во Велес прераснува во значајна меѓународна манифестација.

На свеченото отворање во Ликовниот салон, стартот на петото издание на Салонот на стрип го означи градоначалникот Аце Коцевски кој изрази задоволство од соработката со Стрип центарот  која резултираше со креација на два атрактивни мурали во централното градско подрачје - дело на стрип уметниците.
 
Потенцирајќи дека ова е само почеток на експанзијата на деветата уметност во Македонија, Коцевски изрази благодарност до сите поединци кои се посветија на целта Велес да добие статус на град центар на стрип уметноста. Петтиот салон на Стрип отвори низа прашања и дискусии околу можностите за уште поголема промоција и афирмација на стрипот како уметност што ги освојува сите генерации.

Image Image