Енергетска ефикасност за најмладите
Детската градинка „Димче Мирчев“ ги примени принципите на ефективно и домаќинско работење со заштеда на енергија и користење на природните извори на енергија. Проектот „Детски градинки-пример за ефикасна заштеда на енергија“ овозможи користење на сончевата енергија за потребите на два клона при ОЈУ детска градинка „Димче Мирчев“.
Проектот е резултат на соработката помеѓу детската градинка и Центарот за интегрална рехабилитација „Виготски“ а, се реализираше со финансиска поддршка на Глобалниот еколошки фонд. Системот во употреба го предаде градоначалникот Аце Коцевски кој меѓу другото напомена дека користењето на природните ресурси во име на придобивките на граѓаните, особено на најмладите е подвиг што заслужува повеќе од пофалба. Пред присутните проектот го претставија Тања Ѓоргиева, директор на ОЈУ детска градинка „Димче Мирчев“, Тања Богатинова од ЦИР „Виготски“ и Влатко Самарџиев, претседател на Глобалниот еколошки фонд.
Проектот овозможува намалување на загадувањето на животната средина во Велес, особено со стакленички гасови преку подготовка и поставување на 10 соларни колекторски системи за парно греење и топла вода во два објекта на јавната детска градинка ,,Димче Митрев,, (клон 2 и клон 6) и поставување на енергетско-ефикасни сијалици во двата објекти.