Изложба на првиот македонски академски сликар
35 години по неговата смрт, за првпат во родниот Велес, беше претставено творештвото на првиот академски сликар во Македонија, велешанецот Михајло Шојлев (1887-1972). Изложбата во Ликовниот салон ја отвори др.
Владимир Величковски кој потенцираше дека Шојлев е еден од најистакнатите уметници во областа на применетата уметност во повоениот период кој поради различни историски и животни околности бил маргинализиран. За животот на Михајло Шојлев говореше и неговата внука Камелија Шојлева која на Народниот музеј Велес му подари оригинални цртежи на уметникот. Во уметничките кругови Шојлев е познат како поврзувачка алка помеѓу последните зографи и уметниците на 20-от век.