Во спомен на Тоше

ImageПретставници на Општина Велес, НВО секторот,локалните медиуми и граѓани го посетија вечниот дом на Тоше. Во Општина Крушево , делегација ја предаде Книгата на жалост „ Велес за Тоше“ како и предметите од граѓаните - последен поздрав за Тоше . Средствата што ги собраа велешани  беа донирани за доизградба  на манастирот „ Св. Преображение“ што Тоше започна да го гради во Крушево.

ImageДелегацијата од Велес  имаше  можност да ја види изложбата на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола   на тема „Крушевските камбани за ангелот“ посветена на Тоше. Изложбата содржи  педесетина портрети и слики изработени од членовите на детското ликовно студио од Битола.

Меѓу нив е и портретот на Тоше кој го изработил академскиот сликар Гоце Трајковски .

За Велешани Тоше ќе остане вечен патоказ за најголемите човечки доблести: позитивноста, искрената насмевка, хуманоста и пред се љубовта кон се и кон сите.

ImageImage