Градежни зафати на Градскиот стадион
Деновиве, Општина Велес ги започна градежните активности за подобрување на условите за спортување на Градскиот стадион. Градежните зафати вклучуваат бетонирање на три платоа, отстранување на ризла зад стативите и поставување на земја за хортикултурно уредување околу теренот.
Во Градскиот парк се изведе бушотина која ќе се користи за надоводнување на зелените површини на стадионот. Во наредниот период ќе се пробие пристапен пат до трибините на градскиот стадион. Сите интервенции се прават во координација со спортистите корисници на стадионот врз основа на нивните потреби.
Општина Велес ќе продолжи со градежни зафати согласно програмите и утврдените потреби на граѓаните.