Усвоена Агенда 22

Локален акционен план за прашањето хендикеп на Општина Велес 2008 - 2010 Во чест на денот на лицата со хендикеп

Општина Велес стана една од првите општини во земјава и регионот која усвои Локален акционен план за хендикеп на 2008/2010, попознат во меѓународната терминологија како Агенда 22. Советот на Општина Велес на својата 58 седница едногласно го усвои Акциониот план кој треба да донесе конкретни резултати во заложбите за подобрување на животот на лицата со хендикеп на подрачјето на општината. Усвојувањето на овој значаен документ наиде на одобрување кај сите членови на советот кои беа поттикнати активно да се вклучат во дискусијата за акциониот план.
 
„Креирањето на Локален Акционен План за прашањето хендикеп за периодот 2008-2010 година е од суштинско значење во утврдувањето на јасни определби, насоки и активности чии конкретни резултати ќе бидат видливи.Овој стратешки документ ќе придонесе за достигнување на највисоките стандарди на ЕУ и ООН за социјализација и поддршка на хендикепираните лица“, рече меѓу другото градоначалникот Аце Коцевски во своето воведно излагање како предлагач на документот. Далиборка Златева,од името на сите поединци од здруженијата на граѓани кои учествуваа во креирањето на Агендата упати јавна благодарност за поддршката со напомена дека хендикепираните лица, нивните семејства и здруженијата на граѓани посветени на подобрување на животот на хендикепираните лица очекуваат исполнување на предложените мерки во Акциониот план.
 
  • Акциониот план можете да го превземете преку следниот линк