Развој на санациски планови за Велес
2,4 милиони евра се потребни за промена на 22,8 ха загадена почва во Велес, 1,7 милиони евра за замена на земјоделските култури со фиторемедијатори. Податоците се дел од анализата во рамките на физибилити студијата на консултантската куќа Ептиса Интернационал од Шпанија. Физибилити студијата е дел од Проектот на ЕУ кој преку Европската агенција за реконструкција треба да донесе конкретни насоки за решавање на еколошките проблеми во најжешките еколошки точки во земјава, меѓу кои предничи Велес.
Податоците од физибилити студијата беа претставени во рамките на првата Конференција на заинтересираните страни „Развој на санациски планови за Велес“ што во присуство на Министерот за животна средина и просторно планирање Џелил Бајрами, претставници на Европската агенција за реконструкција, домашни и странски експерти, здруженија на граѓани и медиуми, се одржа во Велес.
Министерот Бајрами ја потенцираше ориентацијата на министерството кон решавање на приоритетните прашања во областа на заштитата на животната средина во Македонија.
Министерот Бајрами ја потенцираше ориентацијата на министерството кон решавање на приоритетните прашања во областа на заштитата на животната средина во Македонија.
На пленарната сесија присутните ги поздрави градоначалникот Аце Коцевски кој упати благодарност до Европската агенција за реконструкција потенцирајќи ги поразителните факти за Велес:
• Олово - 10, 20 па и до 50 пати повеќе од максимално дозволените концентрации.
• Цинк – 1, 3 до 6 пати повеќе од максимално дозволените концентрации.
• Кадмиум – 20,30 па и до 70 пати повеќе од МДК.
На конференцијата беа разгледани повеќе предложени варијанти за решавање на проблемот со отпадот во кругот на топилницата.