Општински квиз натпревар по сообраќај

Раскрсница - ситуација од тестНа 01.12.2007 година во просториите на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ се одржа првиот општински квиз натпревар „Колку ги познаваш правилата во сообраќајот“ за учениците од основните училишта од Општина Велес, Градско и Чашка. Квиз натпреварот беше организиран од страна на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - Велес по дадени насоки од Рапубличкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На натпреварот учествуваа ученици од V,VI,VII и VIII одделение од 10 основни училишта. Првото место го освои училиштето „Св.Кирил и Методиј“-Велес, второто место „Блаже Конески“-Велес и третото место го освои „Благој Кирков“-Велес. Учениците од двете првонаградени училишта ќе учествуваат на регионалниот квиз натпревар кој ќе се одржи на 15.12.2007 во Велес. Од страна на општинскиот совет за безбедност беа обезбедени награди за првопласираните.


Табелата на бодување можете да ја превземете од следниот линк .