Организиран дочек на Новата 2008 година

Новогодишна атмосфераПозитивните искуства и огромниот интерес на граѓаните за масовен дочек во највеселата ноќ и годинава ја поттикна Општина Велес да издвои средства со кои ќе им овозможи на граѓаните заеднички да ја дочекаат 2008 година. На организираниот дочек што и овој пат ќе се случи во Младинскиот парк  засега е сигурно учеството на естрадните уметници Сузана Спасовска и Гоце Арнаудов со дувачки оркестар.

Во тек се и преговори со повеќе музички групи и уметници за збогатување на програмата. Највеселата ноќ ќе биде збогатена и со огномет, а градот, особено Младинскиот парк ќе биде свечено украсен.