Одговорноста на даночните обврзници, клучна за развојот на Велес

Прес конференција на Аце Коцевски, градоначалник на Општина ВелесНа редовна прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски упати апел до граѓаните и правните лица даночни обврзници да ги подмират законските обврски за плаќање на данок на имот и комунални такси кои придонесуваат за прилив на средства во буџетот и зголемување на обемот на активности за развој на општината. „Во процесот на децентрализација кога самите одлучуваме и создаваме за себе, овој принцип на финансирање на активностите кои го подобруваат животот на сите граѓани е од огромно значење“, рече меѓу другото Коцевски.